Пет месеци откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја шокираа јавноста со веста дека се разведуваат, тие успеаја да ги договорат сите детали и поделбата на имотот и покрај тоа што не потпишаа предбрачен договор, пишува Дејли Мејл.
Тие на 20 февруари ќе потпишат официјални документи за развод, а секој ќе го задржи она што поединечно го стекнал за време на двегодишниот брак. Успеале да се договорат и за вилата на Беверли Хилс вредна 61 милион долари, која ја купиле заедно, но деталите се уште не се познати на јавноста.
ТМЗ, исто така, објави дека Афлек ќе го задржи својот удел во продуцентската компанија „Artists Equity“, која ја основа во 2022 година со пријателот Мет Дејмон. Компанијата стои зад филмовите „Air“, „The Accountant 2“ и „Unstoppable“.
Кога се појави веста за нивното раскинување, многумина беа изненадени што парот не потпишал предбрачен договор. За време на нивниот брак нивното богатство изнесувало вкупно 550 милиони долари, од кои 400 милиони заработила само Џенифер.