Во Загреб отворен Музејот на смеата

Во Загреб е отворен Музејот на смеата , каде на влезот ќе се скенираат лицата на посетителите и колку некој ќе се смее ќе се одредува според брчките, а на излезот ќе се користи уште едно скенирање за да се измери колку се забавувал посетителот. пренесуваат денеска хрватските медиуми.

Музејот наречен ХаХаХаус беше отворен по повод Меѓународниот ден на смеата.

Во својата поставка, музејот има повеќе од 40 различни инсталации и експонати кои претставуваат комбинација на хумор, уметност и технологија.

Има искривени огледала, караоке, а посетителите можат да се „дружат“ со ликови како Мона Лиза, Ван Гог, а тука се и Чарли Чаплин, Монти Пајтон и други личности , пренесува веб-страницата 24sata.hr.

Посетителите можат да фотографираат на различни интересни точки со помош на разни реквизити, а можат да добијат и своја дигитална карикатура.

Во музејот можете да дознаете и нешто за хуморот низ различни историски периоди, како и за хуморот во театарот, филмот или стрипот.

Scroll to Top