Неодамна на социјалните мрежи повторно кружеше вирална снимка која потсетува на настанот од 1986 година, кога во Кливленд беа пуштени 1,5 милиони шарени балони во обид да се собори Гинисовиот рекорд. Иако тогашните организатори, United Way, го планираа спектаклот за промоција на градот и собирање средства за социјална помош, последиците беа катастрофални.
Многумина денес со срам се осврнуваат на тој ден поради погрешното планирање и трагичните настани што следеа. Тогашниот организатор Треб Хајнинг го објасни планирањето на Балонфест како начин да се промовира Кливленд и да се зајакне имиџот на градот, кој во тоа време се соочуваше со проблеми со идентитетот.
#Cleveland Balloonfest. September 27, 1986. Photographer: Alex Nyerges. pic.twitter.com/XDXKPxUmR6
— John Skrtic (@SkrticX) September 27, 2022
Се планираше нов рекорд да привлече внимание, а бројот од 2,2 милиони балони беше наменет да ги привлече младите кон филантропија и волонтирање. На крајот беа пуштени 1,5 милиони балони, а спектаклот започна во 13:50 часот по локално време во дождливото саботно попладне на 27 септември 1986 година.
This is a photo of the Cleveland Balloonfest. Over 1.5 million balloons were released simultaneously, 1986. pic.twitter.com/adk1OtvIh8
— What The F*** Facts (@WhatTheFFacts) August 4, 2016
Иако се започна со ентузијазам и аплауз од граѓаните на Кливленд, дождот и студениот фронт набрзо направија проблем. Балоните почнаа да паѓаат пред да се издишат, предизвикувајќи еколошки проблеми, а аеродромот Бурк Лејкфронт беше принуден привремено да ги прекине летовите поради пренатрупани писти. Покрај тоа, балоните предизвикаа бројни несреќи, меѓу кои и десет сообраќајни несреќи, а вознемирија и животните на фармата. Тие дури стигнаа до Канада.
Најтрагичниот момент се случи на езерото Ири, кога рибарите Рејмонд Бродерик и Бернард Сулцер исчезнаа пред Балонфест. Потрагата, отежната од паѓањето на балони, траеше неколку дена. Набрзо нивните тела биле пронајдени, а подоцна сопругата на еден од рибарите ги тужела организаторите за смртта на нејзиниот сопруг. Јунајтед Веј постигна вонсудска спогодба за сума која никогаш не беше откриена.
Иако Балонфест’86 го освои Гинисовиот рекорд за најголемо испуштање балон, категоријата набрзо беше повлечена од светските книги на рекорди поради безбедносни причини. Четири децении по инцидентот, жителите на Кливленд се поделени околу настанот – додека некои го гледаат како трагична грешка, други го гледаат како чекор кон популаризација на градот во тежок период.