Ќерката на Хит Леџер има неверојатна сличност со нејзиниот татко: таа имаше само две години кога почина актерот

Ќерката на починатиот актер Хит Леџер, 19-годишната Матилда Леџер, по долго време е фотографирана, а многумина пишуваат колку личи на својот татко.

Матилда беше фотографирана на улиците на Њујорк додека шеташе со пријателка, а обожавателите забележаа дека таа многу потсетува на нејзиниот татко.

Познатиот актер доби ќерка од бракот со актерката Мишел Вилијамс, а неколку месеци по разделбата на парот, Хит беше пронајден мртов во својот стан во јануари 2008 година од предозирање. Матилда тогаш имаше само две години.

Scroll to Top