На социјалните мрежи стана вирално видео на кое Џастин Тимберлејк се расправа со момци кои го повикаа да се трка со нив.
Кога сфатиле дека славниот пејач е во автомобилот до нив, почнале да викаат: „Тоа е Џастин Тимберлејк! Спушти го прозорецот!“.
🔥🚨DEVELOPING: Grammy award winning singer Justin Timberlake is under backlash after this footage of him ‘being rude’ to a fan that asked to race him surfaced. Timberlake appeared to be annoyed at the time of the recording leaving fans to criticize Timberlake’s approach. pic.twitter.com/GtP2TYrs9f
— Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) January 12, 2025
Кога застанале на семафор, Тимберлејк го спуштил прозорецот и ги прашал што сакаат. Тие му рекоа дека сакаат да се тркаат, а тој почна да повторува: „Сакате нешто?“, а потоа додаде: „Тргнете се одовде, деца“.
Видеото е прегледано повеќе од 4,3 милиони пати, а реакцијата на пејачот предизвика поделени мислења. Имено, додека едни сметаат дека добро постапил, други го критикувале и напишале дека е арогантен.
„Го испровоцираа. Мислам дека не беше груб, само изнервиран“, „Сосема очекувана реакција“, „Го испровоцираа некои деца кои немаат почит кон другите“, „Познатите понекогаш забораваат на добрината“, „Можеби беа наметливи, но тој требаше да внимава на својот тон“ и „Овој човек отсекогаш бил дрзок“, се некои од коментари на Икс.