„И јас сум Сирма“ на Ѕоф заедно со уште 42 дела во трка за „Роман на годината“

Романот претставен како енциклопедија за секој Македонец, „И јас сум Сирма“ на Зоран Спасов – Ѕоф влезе во конкуренција за „Роман на годината“  за 2024 година заедно уште 42 дела. Наградата „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Жири-комисија за доделување на наградата „Роман на годината“ објави дека на конкурсот кој траеше од 15 декември до 15 јануари пристигнале 43 романи.

Меѓу нив покрај „И јас сум Сирма“ на Ѕоф, се и „Безсловен“ на Кирил Ангелов„ „Ветрилиште“ на Игор Анѓелков, „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Играта на господин Филип“ на Санта Аргирова. „Коски, пепел, чад“ на Мери Арсова, „Напластување“ на Јасмина Атанасова,„Риба во(н) мрежа“ на Јована Матевска Атанасова, „Роботот 1971“ на Бобан Богатиновски – Куманово, „Кум“ на Саша Богдан, „Ковчежето со драгите предмети“ на Матеј Богдановски, „Тони“ на Румена Бужаровска, „Кога соништата не заспиваат“ на Викторија Гаго, „Стриптиз на душата“ на Филип Георгиевски, „Искра“ на Петре Димовски, „Седум часот и педесет минути“ на Јован Илиески, „Кој го уби Едгар Алан По“ на Владо Јаневски, „Кобајаши Мару“ на Анде Јанков, „Недостиг“ на Симеон Јанков, „Ехото на акробатите“ на Владимир Јанковски, „Леска Брезоска“ на Симона Јованоска, „Страшни приказни“ на Сузана Камберова, „Во длабочината на моите рани“ на  Благица Каревска, „Простување“ на Кица Колбе, „Тајни“ на Јордан Коцевски, „Светот што го избрав“ на Калина Малеска,„Јас пратеник“ на Владимир Мандичевски Манде, „Девојката што ја наслика смртта“ на Андреа Мирческа, „Што се случи со Исидора? на Јана Мишо, „Неочекувано“ на Ана Мовска, „По корените на мајка ѝ“ на Марија Моневска, „Зад маските“ на Ксенија Николова, „И ѕирка и проѕирка“ на Огнена Никуљски, „Огне и време за желби“ на Виолета А. Наумовска, „Евацид“ на Никола Радуловиќ, „Возот“ на Филип Скуманов, „Не ѝ верувај на баба ти“ на Натали Спасова, „Љубов, море и лимончело“ на Татјана Кацарска – Станоевска, „Раѓањето на Илија“ на Зоран Стојаноски, „Капињера“ на  Гордана Такец, „Тајната на монахот“ на Далибор Трајков, „Италијанскиот ракопис“ на Лепа Гештаковска-Христовска, и „Приказни од ѕунливото море“ на  Билјана С. Црвенковска.

До 15 март жири – комисијата низ неколку селекции треба да го избере и да го соопшти најдобриот роман од минатата година.

Претседателка на жири- комисијата е минатогодишната лауреатка Лидија Димковска,  а членови се Ѓоко Здравевски, Андреј Ал – Асади, Маја Бојаџиевска и Катерина Богоева.

Scroll to Top