Ријана (36) објави нови заводливи фотографии за да ја прикаже најновата колекција од нејзиниот бренд Savage X Fenty, која беше лансирана по повод прославата на претстојниот Ден на вљубените.
Таа позираше во долг розов фустан со длабоко деколте, а го надополни со потпетици во иста боја, едноставна шминка, соодветен накит, а косата и беше крената во пунџа.
Нејзината објава воодушеви многумина, особено нејзините следбеници кои рекоа дека фустанот навистина им се допаднал и морале да го купат. „На моето момче му испратив линк за да не се грижи дали ќе најде подарок за Денот на вљубените“, напиша една од нив.
„Ријана секогаш те остава без здив“, „Го сакам овој фустан веднаш“, „Совршен е“, беа коментарите.