На што треба да внимавате кога бирате клима уред за вашиот дом?

Последниве години, а и деценија, животот без клима уред како да стана незамислив. Без разлика дали зборуваме за летната сезона или за во зима, односно, дали станува збор за ладење или греење, едноставно, клима уредот овозможува подобар комфор во домот. Некој сеуште ги користат старите модели на клима уреди, а други преминаа на инвертер. Изборот на вистинскиот клима уред е исклучително важен – единствениот начин да ги постигнете саканите перформанси со максимална енергетска ефикасност.

Клима уредите се спас од жешките бранови, особено кога температурата надминува 35 степени. Освен што ја регулираат температурата во просторијата, тие го намалуваат нивото на влажност, што го спречува развојот на мувла и плесна.

Модели со инвертер се користат и за греење во зимските месеци. Греењето со клима е сè попопуларно, што не е чудно ако се земе предвид дека, според производителите и добавувачите, греењето со вакви климатизери е до 75% поевтино од греењето на струја и околу 65% од греењето на масло за греење.

За секој потрошен киловат електрична енергија, клима уредот може да произведе до 4 киловати топлина. Затоа нивниот коефициент на ефикасност (COP) оди до 4. Инвертер клима уредите се дизајнирани за долгорочна работа со минимално абење.

Меѓутоа, за да може клима уредот да има долг работен век и да биде енергетски ефикасен, мора да исполнува неколку барања:

Моќноста на клима уредот мора да биде соодветна

Моќноста на клима уредот треба да одговара на димензиите на просторот кој се загрева/лади. Доколку уредот е со помала моќност од потребната, тоа негативно ќе се одрази на месечните сметки за струја. Се прашувате зошто? Затоа што во тој случај клима уредот ќе мора да работи со полн капацитет, а полн капацитет значи поголема потрошувачка на струја. Ова е една од најголемите грешки што луѓето ја прават, бидејќи мислат дека ќе заштедат пари со клима уред со помала моќност.

Покрај големината на просторијата, на потребната моќност на клима уредот ќе влијаат и други фактори: квалитетот на изолацијата, ориентацијата на зградата (север, југ), големината на прозорците и вратите, намената на простор.

Најпопуларна е „дванаесетка“, односно клима уред од 3,5 киловати (BTU 12.000), кој се користи за простори до 60 квадрати. „Деветка“, клима уред од 2,6 kW се користи за помали простори, како станови до 40 квадрати. За поголема квадратура добар избор е „осумнаесетка“ со моќност од 5,3 kW. Ова е само груба проценка, монтерите на клима уреди ќе ви го дадат најдобриот совет, земајќи ја предвид ситуацијата на теренот и другите фактори.

Клима уредот мора да биде правилно поставен

Ефикасноста на клима уредот ќе зависи и од местото на инсталација. Внатрешната единица на клима уредот треба да биде поставена високо, но одвоена од таванот за најмалку 10 сантиметри за да може воздухот да циркулира. Исто така, треба да има слободен простор од околу 30 сантиметри од страна за да се поврзе сè правилно.

Надворешните и внатрешните единици за климатизација треба да бидат што е можно поблиску.

Обрнете внимание на енергетската класа на клима уредот

Клима уредите со подобра енергетска класа се поскапи, но не заборавајте дека тоа е потрошувач кој ќе ви служи многу години. Со изборот на модел со подобра енергетска класа, ќе постигнете долгорочно заштеди на месечните сметки.

Како може клима уредот да троши помалку струја?

Покрај наведената енергетска класа, има уште неколку совети како да направите вашиот клима уред да користи помалку енергија за ладење или загревање на просторот.

Првиот од нив се однесува на прилагодување на температурата. Ако го поставите клима уредот на премногу ниска температура во лето, тој ќе мора да работи со максимална моќност, континуирано. Разлика помеѓу надворешната и внатрешната температура не треба да надминува 10 степени. Најдобро е внатрешната температура се одржува на 25 степени. На овој начин потрошувачката на клима уредот може да се намали за дури 10 до 25%.

Изберете клима уред со инвертер мотор. Овие модели имаат компресори кои имаат прилагодлив режим на работа. По постигнување на поставената температура ја одржуваат со намален работен капацитет. Затоа, само на почетокот работи со полн капацитет, а потоа компресорот постепено го намалува интензитетот на работа. Инвертер клима уредите работат дури и кога надворешната температура паѓа на -20 степени бидејќи контролата на работата на компресорот обезбедува помало ладење на надворешната единица. За инвертер клима уред, со една надворешна и една внатрешна единица, моќност до 4 kW со вклучена монтажа, цената е од 500 до 1.100 евра.

Користете природна вентилација и ролетни. Во текот на летните ноќи исклучете ја климата и обезбедете природна вентилација со отворање на прозорците, бидејќи температурите се пониски во текот на ноќта. Поставете ролетни кои ќе спречат прегревање на собите во најтоплиот дел од денот. На овој начин ќе се намали потребата од клима уред. Надворешните ролетни се секогаш подобар избор од внатрешните ролетни.

И за крај, но не и најмалку важно е и одржувањето на клима уредот. Ако филтерот на клима уредот е валкан, протокот на воздухот ќе биде отежнат, што ќе резултира со работа на клима уредот под поголемо оптоварување.

ПР

Scroll to Top