Неколку десетици илјади студенти и граѓани во саботата се собраа на протест во Нови Сад, блокирајќи три моста, по повод три месеци од смртта на 15 лица при уривање на настрешница на железничката станица во тој град.
На студентите во Нови Сад им се придружија и нивните колеги од Белград, средношколци, мотоциклисти, земјоделци, здравствени работници и бројни граѓани.
По тој повод се огласи и хрватската пејачка Северина, а студентите повторно го имаа нејзиниот цртеж на плакатите.
„Зборовите би расипале се, само молчев… Каква чест е да ме носат на транспарентот. Благодарам на студентите кои ги изнесоа луѓето на улиците во Хрватска и низ светот, кои ги обединија овие земји во добрина, во чесност, во солидарност, во правда, во хуманост. Каков фестивал на хуманоста. Ова што го правите ќе влезе во учебниците како најсветлиот дел од историјата на овој регион, последните 30 години“, напиша 52-годишната пејачка на Инстаграм.