(Видео) Бијонсе за прв пат во кариерата доби Греми за албум на годината

Во Лос Анџелес се одржа 67. доделување на Греми награди, каде Бијонсе ја доби наградата за албум на годината за Cowboy Carter. Ова е прва ваква награда во нејзината кариера, иако четири пати е номинирана во оваа категорија за албумите I Am… Sasha Fierce (2008), Beyonce (2013), Lemonade (2016) и Renaissance (2022).

Уште пред почетокот на церемонијата, нејзините 11 номинации оваа година и официјално ја направија најноминирана уметничка во историјата на Греми со вкупно 99 номинации. Таа, исто така, стана првата црна жена која ја освоила наградата за најдобар кантри албум досега.

Наградата ѝ ја врачи Тејлор Свифт, која исто така беше номинирана во истата категорија за нејзиниот албум The Tortured Poets Department и досега четири пати ја доби наградата за албум на годината.

Scroll to Top