Македонскиот фолк пејач на народна музика Влатко Миладиноски кој важи за еден од најдобрите вокали и креатори на македонската патриотска песна на 22 Март ќе оддржи голем концерт во Скопје во Националната опера и балет.
Безвременскиот хит „Велат не нема” во кој е опеана македонската болка и копнеж по својата татковина е само еден од хитовите во кои присутните на концертот ќе имаат можност да уживаат.
„Посветената работа на креирање на хитови кои го обединуваат македонскиот народ е една од причините поради која се одлучив на чекорот да го организирам големиот концерт во Скопје, а иницијативата и барањето за тоа доаѓа од граѓаните кои при секоја средба со мене го поставуваа прашањето кога ќе се организира еден голем концерт во Скопје и еве со задоволство можам да истакнам дека тој ден е 22 Март“, вели Влатко Миладиноски.
Слушателите на македонската песна на концертот ќе имаат можност да уживаат во големите хитови на Миладиноски.
На коцертот придружба на Влатко Миладиноски ќе биде големиот оркестар предводен од неговиот брат Златко Миладиноски.
Влезниците за концертот се по цена од 500 денари и истите може да се купат во продажната мрежа на mktickets.mk