Бред Пит го покажа своето голо истетовирано торзо и ги полуде обожавателите

Бред Пит го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателите ширум светот. Во новата промотивна фотографија за новиот филм на Ф1, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и посвета на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.

На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на градите и рацете му се видливи низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, а не се дел од неговата филмска улога.

Бред почнал да се тетовира за време на врската со Анџелина Џоли, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.

Тетоважите на Пит имаат различно значење, пренесува Дејли Мејл. На неговата лева подлактица има француска фраза што се преведува како „животот е апсурден“. На своето тело носи и скица од најстарата мумија на светот. Под неа стои натписот Invictus (латински „непобедлив“), напишан со големи букви.

На десната рака има долга, тенка вертикална линија која се вкрстува со хоризонтална линија под зглобот, формирајќи крст. На телото има и неколку посвети за Анџелина, како датумот на раѓање на долниот дел од торзото и буквата „А“. Тој ги истетовира и иницијалите на сите шест нивни деца: „М“ за Медокс, „П“ за Пакс, „З“ за Захара, „С“ за Шајло, „К“ за Нокс и „В“ за Вивиен.

Иако претходно само повремено покажуваше поединечни тетоважи на раката или ногата, новата фотографија ги изненади обожавателите кои не знаеја дека тој е вистински љубител на тетоважите.

„Бред Пит без кошула. Денот ми е моментално подобар“, „Еве ме, се топам“, се само дел од коментарите на неговите обожаватели.

Scroll to Top