Во сабота (15 февруари), организацијата на Македонците во Швајцарија „МДД Пирок“ традиционално организира голем концерт на кој оваа година ќе настапат Анета Љумаковска, ДаКапо Бенд и балканската ѕвезда Теа Таировиќ.
Секоја година за празниците „Св. Валентин“ и „Св. Трифун“ традиционално оваа македонска организација организира големи концерти на кои се собираат повеќе од 4000 Македонци на едно место.
– Ни претставува голема чест и привилегија да бидеме дел од овој голем и спектакуларен концерт. Колку што имам информација веќе е исполнет целиот капацитет, сега останува на нас да ја оправдаме довербата и да приредиме забава што долго ќе се памети, вели Илија од ДаКапо Бенд.
Организаторот на концертот вели дека навреме се завршени сите подготовки за истиот.
– Тоа што ќе го доживееме оваа сабота ќе треба многу години да поминат за да се повтори. Анета е голем професионалец и задоволство ни е да соработуваме со неа и со нејзиниот бенд. Очекуваме нешто над 4000 присутни луѓе, се е подготвено за концертот, вели организаторот.
Како потсетување, веќе неколку месеци Анета Љумаковска настапува заедно со ДаКапо бенд, а годинава ќе ја израдуваат јавноста со бројни проекти кои ги подготвуваат периодов.