Туркије – омилена атрактивна дестинација за велосипедски тури

Со уникатни природни пејзажи, богато културно наследство и клима погодна за возење велосипед во текот на целата година, Туркије сѐ повеќе се етаблира како атрактивна дестинација за велосипедски туризам. Во 2025 година, земјата ќе биде домаќин на низа возбудливи велосипедски настани кои ќе привлечат професионални и аматерски велосипедисти од целиот свет.

Еден од највозбудливите настани на велосипедскиот календар – новата трка Педалија, веќе се одржа во Анталија изминатиот викенд (14-16 февруари). Со рута долга 203 километри, натпреварот поведе 11 велосипедски тимови со над 80 велосипедисти низ спојот на историјата, природата и урбаното живеење. Покрај главната трка, љубителите на вело-турите уживаа во дополнителни содржини како концерти, детски велосипедски трки и работилници.

Во април, фокусот се насочува кон Gran Fondo, со серија трки кои овозможуваат аматерските велосипедисти да ги тестираат своите граници. Бодрум (5-6 април) и Фетје (12-13 април) ќе понудат рути со импресивни крајбрежни предели, додека Кемер (18-19 април) ќе биде посебна атракција за учесниците со своите тиркизни води и прекрасни плажи.

Во мај, возбудата продолжува со трките во Самсун (17-18 мај) и Бурса (24-25 мај), кои нудат комбинација на природни глетки и историски знаменитости.

Летниот велосипедски календар ќе понуди спектакуларни предизвици во регионот на Црното Море, каде што градовите Трабзон (28-29 јуни) и Зонгулдак (30-31 август) ќе бидат домаќини на возбудливи трки. Овие рути ќе понудат не само физички предизвици, туку и глетки од бујните зелени шуми, стрмните брегови и морските пејзажи на овој регион.

Есенската сезона, пак, носи нови предизвици со Gran Fondo во Памуккале (20-21 септември), каде рутите минуваат покрај белите травертински тераси, како и во Чешме (25-26 октомври), познат по своите термални извори и лозја. Годината ќе заврши со Gran Fondo во Анталија (6-9 ноември) и Измир (22-23 ноември), кои нудат спектакуларни патеки за сите љубители на велосипедизмот.

Покрај овие настани, Туркије се развива како центар за велосипедски туризам благодарение на своите разновидни рути – од меѓународниот EuroVelo 8 во Измир до авантуристичките патеки во Кападокија. Велосипедистите имаат можност да истражат и главниот град Анкара, кој нуди урбани рути комбинирани со историски знаменитости.

Оваа земја, која веќе е етаблирана како светска туристичка велесила, сѐ повеќе се истакнува и во алтернативниот туризам, привлекувајќи љубители на активниот одмор и авантура. Со континуираното вложување во инфраструктурата за велосипедски тури, Туркије се профилира како неизбежна станица за секој велосипедски ентузијаст.

ПР

Scroll to Top