Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално станаа сингл во петокот, откако судот во Лос Анџелес го потврди нивниот развод.
Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, а истиот стапил во сила на 21 февруари, шест месеци откако Џеј Ло поднела барање за развод.
Двојката се договори со посредство уште во септември, со што ја избегна долгата судска битка низ која поминаа некои други познати парови.
Лопез сега го отстрани презимето Афлек од нејзиното легално име. Повеќето финансиски детали не се објавени во јавноста, но се знае дека ниту еден од нив нема да плаќа брачна издршка, а со оглед на тоа што немаат заеднички деца, прашањето за старателството не беше спорно.
Двојката се венча во јули 2022 година, но Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, наведувајќи дека се разделиле пред повеќе од една година.
Ова не беше нивниот прв обид за љубов – на почетокот на 2000-тите тие се заљубија, се верија и глумеа заедно во два филма во 2004 година, но раскинаа истата година, делумно поради притисокот на јавноста. Дваесет години подоцна повторно се поврзаа и се венчаа, но бракот не траеше.
Бен Афлек се разведе од актерката Џенифер Гарнер во 2018 година и со неа има три деца. Џенифер Лопез мина низ четири брака и има близнаци со пејачот Марк Ентони.