Лили Роуз Деп, 25-годишната ќерка на Џони Деп и Ванеса Паради, стана тема на коментари на социјалните мрежи поради аутфитот што го носеше на забавата „Венити фер“ организирана по Оскарите.
Младата актерка се појави во краток шарен топ украсен со црна машна и долго здолниште со низок струк. Таа со аутфитот ја истакна својата витка фигура и тесен струк, а додека некои и даваа комплименти за изгледот, други сметаа дека не е соодветно облечена за ваков настан.
Инаку, хорор филмот Nosferatu, во кој Лили Роуз ја играше главната улога, беше номиниран за Оскар во четири категории.
Филмот е римејк на германскиот експресионистички класик од 1922 година, инспириран од романот Дракула на Брам Стокер. Сместен во Германија од 1830-тите, ја следи младата жена Елен Хантер, која ја игра Лили Роуз, додека се свртува кон натприродно суштество за да ја ублажи нејзината осаменост, што ја наведува да даде злокобен завет за вечност. Хоророт има 84 проценти на Rotten Tomatoes.
„Ова изгледа страшно“, „Можеше да облече нешто. Изгледа како да отишла на плажа“, „Убава е, но не ми се допаѓа оваа облека за Оскарите“, „Изгледа како стомачна танчерка“, „Малку насмевка, малку руменило и сјај за усни и ќе изгледаше подобро“, „Не разбирам зошто ја осудуваш млада е и изгледа модерно“, се само некои од коментарите.
Неодамна Лили Роуз откри дека таа со овој филм сигурно ќе освои поени кај помладиот брат Џек, кој како и таа како дете бил опседнат со Дракула.