Лејла Филиповиќ му го честита 53-от роденден на Тарик: „Ти си моето небо, моето се“

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ го прослави својот 53 роденден во Стокхолм, каде што има претстава. Во текот на целиот ден од сите страни се слеваа честитки, а меѓу нив се истакна онаа од сопругата Лејла Филиповиќ.

Поранешната мис на Хрватска му честиташе роденден на Тарик преку социјалните мрежи. Во својата прва објава на Инстаграм, таа напиша: „Среќен роденден љубов“, покрај фотографија од Стокхолм.

Во друга објава таа додаде: „Ти си моето небо, моето се… Те сакам како првиот ден… Среќен роденден на мојата љубов, мојот најголем пријател и заштитник“.

Scroll to Top