Пејачот Спасен Сиљаноски на социјалните мрежи сподели снимка на која е и починатиот музичар од „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески.
Тој со емотивни зборови се прости од Андреј од „ДНК“.
„Вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој“, напиша Спасен Сиљаноски.