Никол Шерцингер (46) се појави во деколтиран беж фустан на афтер-забавата за премиерата на претставата Отело, во придружба на нејзиниот вереник Том Еванс.
Никол блескаше во елегантен фустан со длабоко деколте, крој во блејзер стил и нагласени раменици. Носеше и беж потпетици, долг ѓердан и црвен кармин.
Никол е во врска со шкотскиот рагбист Том Еванс, кој е шест години помлад.
Двојката се запозна во 2019 година кога тој учествуваше во шоуто The X Factor: Celebrity со бендот Try Star. Тие се верија во 2023 година на Хаваи.