За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не ги спомнува, е насловена популарна објава која од вчера се споделува на социјалните мрежи.
Во неа им се оддава почит на шоферите на брзата помош, за Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па сега се во болници. За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко, полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги, кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.
За нив и многу повеќе во објавата во продолжение.