Викторија Бекам го слави својот 51 роденден. Дејвид Бекам и испрати емотивна честитка на Инстаграм.
„Среќен роденден на најневеројатната сопруга, мајка и најдобрата пријателка што би можеле да ја посакаме. Имај го најсовршениот ден затоа што тоа го заслужуваш, а ние многу те сакаме“, напиша Дејвид во објавата во која ги означи и нивните деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.
Дејвид објави неколку фотографии со Викторија од почетокот на нивната врска. На објавата додаде и фотографии од Викторија кога таа била девојче, како и фотографија од нив заедно со нивните деца. Објавата брзо доби половина милион лајкови.
„Толку многу те сакам мамо. Ти ни пружи безусловна љубов уште од првиот ден и оттогаш не престана“, напиша синот Круз во коментар под објавата.