Џенифер Лопез повторно покажа дека е модна икона! Латино дивата ги засени сите на патеката за Големата награда на Формула 1 во Џеда, Саудиска Арабија, со својот сензационален розов комбинезон што совршено ја следеше нејзината фигура.
Облечена во припиено парче што потсетуваше на нешто што би го носела и Барби, 55-годишната Лопез дополнително го заокружи изгледот со розови очила за сонце и проѕирни потпетици, предизвикувајќи восхит кај сите присутни.
За време на својата посета, Џеј Ло се фотографираше пред болидот на Шарл Леклер од тимот на Ферари и помина време со членовите на екипата, кои беа воодушевени од нејзината посета. Таа беше специјален гостин на Ферари за време на квалификациите, привлекувајќи огромно внимание.
View this post on Instagram
По трката, пејачката ќе настапи на концерт организиран од водечката саудиска забавна компанија MDLBEAST, каде што ќе настапат и Ашер, Мајор Лазер и Пеги Гоу. Иако нејзиниот стајлинг беше впечатлив, модните критичари забележуваат дека се работи за нешто посуптилен избор во споредба со нејзините претходни дрски модни изданија.
Лопез и на професионален план блеска. Годината ја започна со премиера на филмот Kiss of the Spider Woman на фестивалот „Санденс“, моментално снима романтична комедија Office Romance, а летово ја започнува својата европска турнеја Up All Night – Live in 2025. Исто така, ќе биде и домаќин на новото издание на „Американските музички награди“.
По разводот со Бен Афлек, изгледа дека Џеј Ло ужива во новооткриената слобода. Нејзиното присуство на трката е уште еден показател за тоа како Формула 1 станува глобален спектакл што ги спојува спортот и шоу-бизнисот.