Хрватската пејачка Северина го помина Велигден со најблиските членови на семејството, а на Инстаграм објави фотографија од семејното дружење со пригодна честитка.
„Нека повторно се крене сето потресено; и среќата и радоста, и смеата и танцот, и пријателите и оние другите, и љубовта, бидејќи тоа ќе го позлати светот. Среќен Велигден, драги луѓе…“, им порача таа на своите следбеници.
Таа покажа и како изгледа празничната трпеза на која покрај пејачката беа и нејзиниот син Александар, нејзината мајка Ана, нејзината внука Миа со семејството.