(Видео) Наташа Беквалац го прекина настапот поради една девојка: „Ти посакувам никогаш да не ти се случи тоа што мене ми се случи“

Српската пејачка Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во едно кафуле, каде за своите верни фанови ги испеа некои од своите најголеми хитови. Вниманието на јавноста го привлече и група девојки кои се собраа поради посебна причина – моминска вечер.

Беквалац накратко го прекина концертот за да и посака се најдобро во бракот на идната невеста.

„Сакав да имам семејство, деца, маж, златен ретривер, сè што оди со тоа, три пати пробав, три пати не успеав, а знаеш што сакам за тебе? Сакам истото никогаш да не ти се случи. Сакам твојата љубов да трае вечно и ти посакувам се што сонуваш. Ти благодарам што дојде на мојот концерт иако ме сметаат за некој што не успеа, ти си многу храбра девојка“, ѝ рече таа.

Фотографии и видеа се раширија низ мрежите, а како изгледаше овој емотивен момент погледнете во продолжение:

Scroll to Top