(Фото) Адријана Лима во полн сјај: затегната и поубава од кога било

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“, Адријана Лима, во последните месеци изгледа како на почетокот на својата кариера, а многумина велат дека е дури и поубава. На црвениот тепих на прославата на „Tiffany & Co“, таа блесна во долг, тесен црн фустан и покажа зошто е една од најбараните модели до ден денес.

На презентацијата на новата колекција на познатиот бренд за накит во Њујорк, Адријана Лима привлече внимание, а самата носеше дискретен накит од овој бренд.

Фустанот ја истакна нејзината витка фигура по три породувања, што ја постигна преку напорно вежбање и дисциплиниран начин на живот, а откако беше критикувана за значително менување на изгледот со ботокс и други естетски корекции, таа им покажа на сите дека повторно е – единствена.

Со долгиот елегантен фустан таа носеше црни лакирани чевли и црна лакирана чанта. Косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа, а нејзиното лице целосно дојде до израз со соодветна шминка во природни тонови и нагласени очи.

Scroll to Top