(Видео) Обожавателите на Евровизија не можат да поверуваат колку години има претставничката на Полска

Полска на овогодинешниот Евровизиски натпревар ја претставува Јустина Стечковска со песната „Гаја“.

Јустина успеа да се пласира во финалето на натпреварот, а нејзиниот полуфинален настап синоќа собра речиси половина милион прегледи.

Многу обожаватели на Евровизија беа изненадени кога дознаа колку години има претставничката на Полска. Имено, Јустина е родена во 1972 година, односно за неколку месеци ќе наполни 53 години.

„Таа жена од Полска има 52 години“, „Сè уште не можам да верувам дека Јустина Стечковска има 52 години“, „Извинете? Претставничката на Полска има 52 години?“, „Најжешката 52-годишна жена досега“, се некои од коментарите на Икс.

Scroll to Top