Џенифер Лопез испрати посебна честитка за Денот на мајките и сподели фотографија од себе, меѓутоа, она што веднаш стана главна тема беше нејзиниот фустан.
Латино дивата Џенифер Лопез позираше во кариран розов фустан со средна должина, во комбинација со сламен шешир.
На масата до неа има цвеќиња, како и фотографија од нејзините деца, се претпоставува дека цвеќињата биле подарок од нив.
„Најубав Ден на мајките на сите мајки. Им посакувам на сите мир, љубов, смеа, радост и среќа“, напиша Џеј Ло во описот, а сите набрзо почнаа да коментираат за нејзиниот стајлинг.
Пејачката е позната и по провокативниот и по елегантниот изглед, а иако на оваа објава носеше скапа чанта од Диор, сите коментираа само за нејзиниот фустан.
Како што објави „Мари Клер“, карираниот фустан е од брендот Reformation и неговата цена е 345 евра. Интересно е и тоа што овој конкретен модел е веќе распродаден, па дури и ако сакате да го купите, мора да бидете на листата на чекање.
Овој бренд е особено сакан од познати дами, вклучувајќи ја и Тејлор Свифт, а кога е во прашање Џенифер Лопез, ова е едно од нејзините најненаметливи изданија.