Ева Лонгорија не престанува да воодушевува со својот изглед иако веќе влезе во шестата деценија.
Холивудската актерка Ева Лонгорија (50) моментално е во Кан, каде што веќе нè воодушеви со своето специјално модно издание, а тоа продолжи да го прави и на последователните настани на кои присуствуваше во овој модерен француски град.
Ева, заедно со нејзиниот сопруг, Хозе Бастон, отишле на вечера во ресторан кој го славел својот 10-ти роденден.
Секако, Ева беше главна тема од моментот кога се појави.
Нејзин избор беше асиметричен бел фустан без прерамки, а актерката повторно ја истакна својата зачудувачка фигура, поради што го има прекарот „џебна Венера“.
Сè комплетираше со бели сандали на високи потпетици, додека монохроматското издание го „разби“ со златни обетки и блескава чанта.
Ева првпат се појави во Кан пред 20 години и секоја година изгледаше сè подобро и подобро, што го докажува и сега.