Џени Шугар ги опиша своите проблеми со слабеењето на порталот „Pop Sugar“, како ги решила и конечно почнала да слабее.
Бидејќи нутриционистите постојано повторуваат дека појадокот го забрзува метаболизмот, не ѝ било јасно зошто воопшто не губи тежина, иако јаде интегрални житарки секое утро, односно практикува здрав појадок.
„Не сфатив дека правам три грешки секое утро на појадок. И дури откако престанав да ги правам, ги видов посакуваните промени во моето тело“, откри таа.
Еве што научила таа.
„Престанав да јадам житарки“
„Јадев житарки секое утро од основно училиште до крајот на факултет. Навистина ми требаше долго време да сфатам дека тие слатки и вкусни житарки не беа добар избор ниту за мене, ниту за некој друг, бидејќи беа полни со шеќер и не содржеа доволно протеини и влакна“.
„И дури ни оние што се рекламираат како житарки за фитнес збогатени со растителни влакна. Наместо житарки, решив секое утро за појадок да јадам 13 до 20 грама протеини, најмалку шест грама влакна и 10 до 15 грама здрави масти. Значи, за појадок обично пијам смути или овесна каша (овес без додаден шеќер)“.
„Јадам кога чувствувам глад, а не кога мислам дека треба“.
„Толку многу пати прочитав дека појадокот е најважниот оброк во денот, и слепо ја следев таа максима. Јадев секое утро половина час откако ќе се разбудев, околу 7:30, иако не бев гладна 99 проценти од времето. И потоа околу 10 или 11 часот наутро повторно чувствував многу глад, па често појадував двапати. Сега прво тренирам и појадувам на работа околу 9 или 10 часот наутро, кога чувствувам глад, а не кога е време за оброк“.
„Почнав да внимавам на големината на порциите“.
„Третата грешка што ја направив беше што никогаш не обрнав внимание на големината на порцијата. Кога јадев житарки за појадок, полнев чинија со салата или супа. Обично комбинирав два или три вида житарки, на кои додавав и јаткасти плодови и бобинки или банана и сето тоа го преливав со соино млеко збогатено со вкус на ванила.
Таквиот појадок имал околу 600 калории. Сега ги мерам состојките што ги ставам во моите смутија или овесни снегулки и се осигурувам дека мојот појадок не надминува 400 калории“.