(Фото) Салма Хајек, една од најголемите ѕвезди на овогодинешниот Кански фестивал, шармираше со своето модно издание

Прославената актерка Салма Хајек го поминува времето во Кан кадешто познатиот фестивал е во тек, а таа и нејзиниот сопруг ја посетија и церемонијата на доделување на наградите „Kering Women In Motion“.

Салма неодамна позираше за насловна, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија сите, но сега беше малку поумерена.

За оваа пригода, таа одбра долг и тесен фустан кој совршено ги нагласува нејзините облини, а на дното се претвора во безброј реси кои се влечат по подот. Инаку, целата креација е покриена со ситни циркони, а Салма сето тоа го надополни со впечатлива огрлица.

До неа беше нејзиниот сопруг, Франсоа Анри Пино, кој позираше во класично решение за мажи, со кое никогаш нема грешка, црно одело и бела кошула.

Уште еднаш, Салма блесна на црвениот тепих и покажа дека со природен изглед може многу да се постигне.

Scroll to Top