Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.

„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот Катарина Роиќ-Скелин за хрватски „Вечерњи лист“.

Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.

Scroll to Top