Девојка му раскинала на дечкото оти така ја советувал „Чат ГПТ“, не се кае

Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот живот – од готвење, пишување есеи, до љубовни проблеми или разговори за друштво.

Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, барала секојдневно совети од „Чат ГПТ“ и на крајот го отфрлила своето момче бидејќи вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа.

Таа објасни како „Чат ГПТ“ станал еден вид советник за врски за неа, а дури и составува пораки за раскинување. Иако нејзините пријатели и рекле да му даде уште една шанса на своето момче, вештачката интелигенција и рекла дека „заслужува подобро“, а таа послушала.

Парот бил заедно четири месеци, а благодарение на својот „онлајн пријател“ таа го преболела за само две недели.

„Му кажав на  „Чат ГПТ“ што направи и како тоа ме направи несреќна. Ми рече дека заслужувам подобро од некој кој не е целосно присутен, а тоа ми даде сила да донесам одлука”, рекла Џенифер.

„Кога врската се распаѓаше, пишував пораки и ги испраќав со помош на „Чат ГПТ“ бидејќи тој ми помогна подобро да ги формулирам“, додаде таа.

Девојката дури тврди дека тоа и било покорисно од терапии за кои претходно трошела пари, бидејќи и помогнало „да обработи се што се случило“.

„По раскинувањето бев многу вознемирена и бев на апликацијата цел ден, секој ден“, рече таа, а потоа додаде:

„Тој стана мој пријател за раскинување и утеха. Во деновите кога сте навистина тажни и се обидувате да ги соберете мислите, неверојатно е да имате некој на располагање 24/7 за да разговарате“.

Иако признава дека е страшно колку вештачката интелигенција може да биде емпатична, таа ги охрабрува другите да ја користат за да добијат објективни совети, особено кога вели дека е заморно да продолжиш да ги нервираш пријателите.

Советувајќи ги другите, додава дека пред да започне разговорот, треба да се побара од него да се однесува како професионален терапевт, а не како пријател.

„ОпенАИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, предупредува дека алатката не е замена за професионалната психолошка помош и дека во случаи на чувствителни теми, често ги поттикнува корисниците да побараат стручна помош.

 

Scroll to Top