Некои луѓе го доживуваат отфрлањето како минлива непријатност, додека други го доживуваат длабоко и лично.
Во астрологијата постојат знаци на кои им е тешко да прифатат дека не се посакувани, признати или сакани. Нивната реакција на отфрлање може да биде насилна, тивка, повредена, па дури и одмаздољубива – но едно е сигурно, тие не го преболуваат тоа лесно.
Според астрологијата, овие два хороскопски знаци најтешко се справуваат со отфрлање.
Шкорпија
За Шкорпиите, отфрлањето не значи само крај на нешто – тоа се чувствува како лично предавство. Под нивната самоуверена надворешност, често постои длабока потреба за емоционална сигурност. Кога се одбиени, Шкорпиите може да се повлечат, но нивната болка се задржува долго време. Тие имаат силна интуиција, па затоа ќе анализираат секој детаљ од ситуацијата, обидувајќи се да ги откријат вистинските причини – дури и кога другата личност повеќе не ги дава.
Она што ја отежнува ситуацијата е нивната склоност да бидат емоционално интензивни. Ако се чувствуваат омаловажени или игнорирани, можат да станат ладни и одмаздољубиви, иако ретко го покажуваат тоа веднаш. Контролата им е многу важна, а отфрлањето е форма на губење на таа контрола. Наместо да се соочат со болката, тие претпочитаат да градат ѕидови – и памтат.
Лав
Лавовите имаат силна потреба за потврда и прифаќање, па затоа отфрлањето директно влијае на нивната самодоверба. Иако може да изгледаат непоколебливо однадвор, тешко им е да ја заборават својата внатрешна болка.
Ако некој им стави до знаење дека не се доволни или дека не се посакувани, Лавовите го сфаќаат тоа како удар врз нивната самодоверба. Потоа може да се повлечат од сцената – но со гордост.
Освен тоа тие тешко го поднесуваат и губењето на вниманието. Лавовите сакаат да бидат сакани и ценети, а кога тоа не е случај, можат да се однесуваат како да не им е гајле – иако длабоко во себе им е гајле. Тие обично ја бараат својата самодоверба назад преку успех, другарство или ново внимание, но отфрлањето што некогаш ги повредило останува во сенката на нивното его долго време.