(Фото) Една од најубавите русокоси повторно мами воздишки

Актерката Скарлет Јохансон се појави на премиерата на филмот „Jurassic World Rebirth“ во Лондон, а за таа пригода блесна во розова креација.

Една од најубавите русокоси се појави во блескава тоалета од дизајнерката Вивиен Вествуд, а малку е да се каже дека совршено ги истакна сите нејзини облини.

Скарлет, која е позната по својот софистициран вкус за мода, искомбинираше светкаво розов фустан со сребрени додатоци, а косата ја стилизираше на наједноставен можен начин – во ретро стил.

Што се однесува до шминката, таа се одлучи за пастелни тонови кои дополнително ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.

Scroll to Top