(Видео) Даниел Данн го објави синглот „Нон-стоп стрес“

Даниел Данн го објави својот нов сингл „Нон-стоп стрес“, кој од сега е достапен на сите дигитални музички платформи. Песната беше премиерно изведена пред еден месец во шоуто Хитмејкер, а денес добива и своја официјална видео објава.

Видеото претставува динамична монтажна верзија на живиот настап во емисијата, која го доловува целиот интензитет, енергија и сценски израз на Данн.

Ова е првиот сингл од најавеното ЕП „TOP“, кое ќе биде објавено наскоро.

„Нон-стоп стрес“ отвора тема за секојдневниот психолошки товар и притисок со кој современиот човек се соочува. Овој сингл, чиј автор е Александар Ристовски – Принц спојува поп, денс и фанк, и го најавува новиот правец во кој Daniel се движи со овој проект.

„Сакав првата песна од новото ЕП да биде директна и реална. Живееме во време на постојан притисок, а музиката е начин да се ослободиме, но и да проговориме искрено.“

Scroll to Top