Адријана Лима беше фотографирана на улиците на Париз по тренинг во целосно опуштен изглед.
Една од најубавите жени во светот, Адријана Лима, моментално е во Париз, а папараците ја фотографираа веднаш по напуштањето на теретана.
Најпознатата манекенка во светот беше целосно облечена во спортска облека, па ова е вистински исклучок по неколкуте гламурозни изданија што ги направи во претходниот период.
Хеланки и маичка без ракави овој пат беа нејзин совршен избор, додека косата ја врза високо.
Цело време гледаше во телефонот и се чинеше како да нема ни трошка шминка на лицето, иако не ги симна очилата за сонце.
Адријана во минатото често беше мета на коментари во врска со нејзиниот изглед. Сите се навикнати Ангелот на Викторија да изгледа совршено, па затоа не ѝ простија ниту еден килограм плус за време на бременоста.
Откако го врати стариот изглед, беше обвинета дека користи премногу ботокс и дека повеќе не е природна, но убавата Бразилка никогаш не направи премногу врева и продолжи да ужива во животот со своето семејство.