Првата дама на Америка, Меланија Трамп, секогаш ќе биде ненадминлива кога станува збор за мода. Иако не се појавува толку често во јавноста, секој пат кога го прави тоа, таа е празник за очите.
Никој не е сигурен од каде убавата Меланија ја црпи својата инспирација, но едно е сигурно, ќе уживаме во нејзините модни изданија уште долго време.
Иако е познато колку ги сака високите потпетици и секогаш импресионира со изборот, ова најново појавување вклучуваше малку поинаков избор.
Меланија ја посети Националната детска болница во Вашингтон и за таа пригода избра едноставна бела облека. Здолниште во форма молив во комбинација со бела кошула со точки и нејзините познати балетанки беа хит овој пат.
Првата дама се одлучи за балетанки од Роџер Вивиер, кои се украсени со една сребрена тока, па сигурно можат да бидат дел од уште многу слични модни изданија.
Балетанките често се предмет на дебата, некои ги сакаат, некои не, сепак, едно е сигурно – тие секако се најпрактични за летото бидејќи одат со сè. Можете да ги носите ако сакате да бидете елегантни, но и ако само сакате да изгледате опуштено.
Меланија Трамп многу ретко се одлучува за балетанки, но кога го прави тоа, тоа дефинитивно е најдобриот избор.