Различни бикини и костими за капење се омилените парчиња облека на Софија Вергара.
За време на летните горештини, често можеме да ја видиме во тесни комбинации на плажа, но и дома – и таа гордо ги објавува на социјалните мрежи.
Таков беше случајот и овој пат кога го почасти светот со жешка снимка во топлес на Инстаграм.
„Среќен меѓународен ден на бикините од Ибица“, напишала таа, покажувајќи го своето исончано и витко тело.
Корисниците на интернет „полудеа“ по ова видео, веднаш коментирајќи ја сцената.
„Совршена си“, „Дури и сега таа е најубавата жена“, „Преубава си“, се само некои од коментарите.