(Фото) Дали сега разбирате зошто таа е една од најубавите кралици на светот?

105-тото престижно доделување на наградите за новинарство неодамна се одржа во Мадрид, а на церемонијата присуствуваше и кралицата Летиција, како поранешна новинарка.

Секогаш совршено облечена, шпанската кралица овој пат одлучи да одржи лекција по мода и да ги потсети модните обожаватели дека едноставниот фустан крие моќна порака.

Имено, Летиција одлучи да носи тесна црна тоалета со отворени рамена за оваа пригода, со што докажува дека обичниот црн фустан никогаш не излегува од мода.

Таа го комплетираше својот изглед со ѓердан направен од, верувале или не, 35 бисери и тежок повеќе од еден килограм. Овој необичен додаток е семејно наследство кој ѝ припаѓал на кралицата Софија.

За да ја комплетира целата комбинација, Летиција додаде црни чевли со ниски потпетици и плик-чанта, исто така во црна боја.

Scroll to Top