Се појавија жешки фотографии од Бастијан со неговата нова девојка: не може да се одвои од неа

И додека неговата поранешна љубов Ана Ивановиќ ужива во шармот на Лондон, Бастијан Швајнштајгер разменува нежности со својата нова партнерка во Грција.

Тоа е Силва Капитанов, со која е поврзан долго време. Без двоумење и сочувство кон луѓето околу него, поранешниот германски фудбалер ја прегрна и ја бакна својата сакана, а фотографиите стигнаа до интернет со брзина на светлината.

Светските медиуми објавуваат дека Ана и Силва се познаваат, а неодамна се сретнале и лице в лице.

Двете, според медиумите, се појавиле пред престижно меѓународно училиште на Мајорка.

Во ова училиште одат децата на бројни познати личности, меѓу кои и на Ана и Бастијан, но и, наводно, на Силва.

Силва е мајка на две деца и е позната и како поранешна инфлуенсерка која промовираше фитнес програма за жени по породувањето.

Фото: принтскрин

Scroll to Top