(Фото) Жената-мачка заведува во ретро костим за капење: исончана и пожешка од кога било

Познатата актерка, позната и како жена-мачка, Хали Бери (58), моментално е на одмор во Калифорнија каде ја покажа својата зачудувачка фигура.

Секогаш кога се појавува, Хали е главна тема на сите портали, особено сега кога познатите личности се натпреваруваат кој ќе има најдобар костим за капење.

Овој пат, победата отиде кај Хали.

Таа позираше во едноделен костим за капење со малку ретро дизајн, потпишан од брендот Monday Swimwear. Нејзиниот модел е црн, но со бела линија која е на прерамките и на пределот на градите.

Жената-мачка го комбинираше својот ретро изглед подготвен за плажа со црна голема шапка и минималистичка огрлица.

Како и обично, Хали не носеше шминка, па дури и така, таа доби уште повеќе реакции на нејзиниот изглед.

Фото: принтскрин

Scroll to Top