Нега на кожата во летните денови

Во лето, треба да направиме некои мали промени во негата на кожа за да ја заштитиме од сонце, а со тоа и од иритации, рано стареење, па дури и рак.

Но, бидејќи сепак не сме експерти за кожа, нормално е да направиме по некоја грешка.

Точно е дека лицето е најизложено на сонце, но зраците допираат и до вратот. Не заборавајте да нанесете и крем на рацете, нозете и секој дел од телото што ви е откриен. Сончевите зраци ќе допрат до вас ако отворите прозорец или ако седете на тераса. Покрај тоа, УВА зраците можат да поминат и низ стакло, па со текот на времето да ја оштетат кожата. Кремот ќе ве заштити и ако седите долг период пред екран кој емитува сина светлина.

Во лето најдобро е да ги замените многу густите кремови за лице со продукти со полесна текстура, особено ако имате помрсна кожа. Наутро дури подобро е и да ставите само серум, а кремовите за хидратација да ги оставите за ноќната рутина.

За максимален ефект, важно е по кој редослед ги користите продуктите за нега. Најпрво треба да ја исчистите кожата, потоа да нанесете серум(и) со активни состојки, како витамин Ц, а потоа крем за хидратација. Кремот со фактор треба да го нанесете на крај. Пудрата никако не може да замени крем со фактор и за да ве заштити, ќе треба да нанесете многу, многу дебел слој.

Пудрата со фактор е со цел да понуди дополнителна заштита, покрај кремот. Затоа, во лето, секогаш прво нанесувајте крем со фактор, па потоа и пудра. Кога ќе си дојдете дома, треба да го отстраните кремот со фактор за да избегнете проблеми со кожата.

Но, нема да ви помогне само вода бидејќи повеќето кремови се водоотпорни. Најдобро е да го отстраните со мицеларна вода или нежно средство за чистење лице што не ја суши кожата. Витаминот Ц ја штити кожата од сончевите зраци, па препорачливо е да користите продукти со оваа активна состојка барем во лето.

Но, само продукт со витамин Ц нема да биде доволно – секогаш треба да нанесете и крем со фактор.

Бричењето и депилацијата ја иритираат кожата, па ако веднаш излезете на сонце, може да ја влошите иритацијата. Најдобро е да се бричите или депилирате одвечер, а ако се подготвувате за одмор, депилацијата закажете ја барем два дена претходно, за кожата да има време да се „смири“ пред да ја изложите на сонце.

Сувите усни се проблем што го поврзуваме со зима, но може да се јави и во лето ако не водите соодветна грижа. Најпрво, важно е да користите балсам за усни со заштитен фактор бидејќи и тие се склони на изгореници, дури и повеќе од кожата на лицето.

Притоа, еднаш неделно правите им нежен пилинг, а користете и хидратантен балсам. Во лето правете што е помалку пилинзи на кожата бидејќи во комбинација со сонце, може да си направите иритација. Доволно е да направите пилинг еднаш неделно, но со понежни продукти.

 

 

 

Scroll to Top