Кралицата Летиција го поминува летото на Мајорка со своето семејство, а нејзините најнови фотографии се само уште еден доказ дека таа е најдобро облечената жена во Европа.
Иако е на одмор, Летиција извршува и некои кралски должности, па посети изложба и ги шармираше сите со своето модно издание.
Дури и кога е во лежерни, секојдневни комбинации, Летиција држи лекција по стил. Овој пат се појави во розов фустан од модната куќа Hugo Boss, а интересно е што претходно не сме ја виделе во овој фустан, со оглед на тоа што кралицата е позната по тоа што го „рециклира“ својот гардеробер.
Овој модел на фустан беше во А-крој, беше памучен и лелеав, а деколтето во форма на срце го правеше уште поинтересен.
Фустанот на кралицата Летиција одговара на секоја жена бидејќи совршено ги крие сите недостатоци, а воедно создава илузија на подигнат струк, со што ја ослабува секоја фигура.
Таа го искомбинираше со едноставни еспадрили и уште еднаш ги покажа своите модни вештини.
фото: принтскрин