Јанг Дади в среда, 27 август, во Паркот на Франкофонија

В среда, 27 август, скопјани ќе имаат можност да уживаат во уште една летна вечер исполнета со музика и забава. На сцената во Паркот на Франкофонија ќе настапи еден од најпопуларните млади артисти во земјава – Јанг Дади, кој со својата музика и енергија ќе ја претвори вечерта во вистински музички спектакл.

„Центар е место каде што граѓаните се чувствуваат опуштено, исполнето и поврзано. Со вакви настани ја враќаме радоста на заедничките дружби под отворено небо. Уверен сум дека концертот на Јанг Дади ќе донесе многу позитивна енергија и спомени што ќе ги паметиме долго“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Програмата ќе започне во 19 часот со настапот на Сани и Стела и активности за најмладите посетители, а од 20 часот сцената е резервирана за Јанг Дади. Забавата ќе биде збогатена со аниматор и динамична програма за сите генерации.

Scroll to Top