Утре промоција на книгата „Тело без душа-разговор во бесконечноста“ на Елена Цветковска

На 28 август (четврток) со почеток во 18 часот во поткровјето на Јавна соба (Public room) ќе се одржи промоција на книгата „Тело без душа-разговор во бесконечноста“ на авторката Елена Цветковска.

Оваа интерактивна промоција ќе биде збогатена со настап на џез музичари, проекција на 15 минутен филм во контекст на содржината на книгата, разговор со гости од странство и презентација на самата авторка на ова несекојдневно интимно четиво.

Нејзината прва книга „Тело без душа“ е инспирирана од лична болка, но преточена во мудрост која отвора врати кон нови перспективи за животот, болеста и смртта.

„Мојата книга е инспирирана од најдлабоката лична загуба, а тоа е смртта на мојата мајка. Таа истражува теми како договорот на души, изборот на родители и животни околности уште пред нашето раѓање, болеста како духовна лекција и смртта како враќање кон изворот на свеста. Книгата отвора поглед кон животните предизвици не како случајност или казна, туку како дел од повисок план кој ни овозможува раст, освестување и духовна зрелост“, вели Цветковска.

Scroll to Top