(Фото) Две убавици – една модна комбинација: која изгледа подобро?

Актерката Аманда Сејфрид се појави на Венецискиот филмски фестивал во уникатна облека која, како што многумина ја нарекоа, предизвика модно дежа ву.

Таа беше фотографирана за нејзиниот филм „The Testament of Ann Lee“, а нејзината колешка Џулија Робертс се појави во истата облека само два дена претходно.

Новиот уметнички директор на Версаче се обиде да покаже нешто сосема ново, а честа да биде првата што носи вакви комбинации ѝ припадна на Џулија.

Таа се појави на Фестивалот во панталони со рамен крој, пругаста кошула и сако. Интересно е што истата стилистка, Елизабет Стјуарт, беше задолжена и за Аманда, која не можеше да одолее и сакаше да биде облечена на ист начин.

И навистина, Аманда блесна малку подоцна, а единствената разлика беше во нејзините чевли. Додека Џулија носеше салонки, Аманда имаше сандали.

Меѓу клиентките на Елизабет е и Кејт Бланшет, која е позната по рециклирањето на модата, па затоа носи исти работи неколку пати на големи настани без никакви проблеми и е беспрекорна секој пат.

фото: принтскрин

Scroll to Top