Добрата фризура може многу да направи за убавината, да ги скрие недостатоците, да ги истакне адутите, да ве подмлади, но ако не е соодветна бојата и формата може да нè направи да изгледаме постари.
Есенските трендови диктираат различни фризури, а можете ли да најдете нешто за себе меѓу предлозите? А ако веќе сте влегле во педесеттите години, кои фризури и бои за коса треба да ги избегнувате?
Боја на коса
Според списанието „The Voice“, сите дами во категоријата 50+ треба да заборават на темните бои за коса! Црната, темно кафеавата, па дури и темно црвената ќе ве направат да изгледате постари, и не само тоа!
Овие бои ќе ја нагласат секоја неправилност, секоја брчка на вашето лице, а тоа е нешто што дефинитивно сакате да го избегнете.
Советот на експертите е да изберете посветли нијанси, меки прамени што изгледаат што е можно поприродно или, како што би рекол нашиот народ – „како да сте осветлени од сонцето“.
Без строги линии
Кога станува збор за фризури, треба да се држите подалеку и од „строги“ линии. Тие ги истакнуваат цртите на лицето, а ако имате над 50 години, без разлика колку сте горди на вашата убавина, ова не е добра идеја.
Исто како и несоодветната боја, строгата фризура ќе ја истакне секоја ваша брчка. Се препорачува да изберете градуирани фризури, шишките што ги покриваат линиите на челото се исто така добар избор.
Ако имате кадрици, градуираната фризура е најдобрата опција, ќе даде волумен на вашата коса (ретката коса е уште една негативна страна на стареењето).
Ако вашиот врат е проблематично подрачје, одлучете се за коса со средна должина, која нежно паѓа до рамената, но е уредна.
фото: принтскрин