(Фото) Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија со своето ново момче

Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија „Утринско шоу“ со посебна поддршка – новото момче Џим Кертис.

Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерна уметност во Њујорк, што е едно од нивните први заеднички јавни појавувања, пишува „People“.

Додека Анистон позираше за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Кертис гордо ја бодреше од страна. Облечен во лежерен црна комбинација, беше забележан како се смее додека стоеше покрај црвениот тепих.

фото: принтскрин

Scroll to Top