Џенифер Анистон го освежи својот препознатлив имиџ со елегантно парче и беспрекорна модна комбинација која беше главна тема на разговор.
Сигурно ќе се согласите дека Џенифер Анистон изгледа подобро од кога било, бидејќи од неодамна е заљубена, а за прв пат призна на јавноста дека е „на седмо небо“. Нејзиниот партнер е и нејзин животен тренер, хипнотерапевтот Џим Кертис, кој очигледно е задолжен и за нејзиниот нов стил.
Можеби не е промена на стилот, но секако е неочекуван избор за саканата ѕвезда од „Пријатели“.
Таа се прошета по улиците на Њујорк во модна комбинација која привлече многу внимание; кратка црна јакна и виолетов асиметричен фустан кој е делумно транспарентен.
Елегантниот фустан го истакнува нејзиното деколте и очигледно е дека Џенифер го носи без градник, а кројот потсетува на 90-тите и актерката очигледно сакала токму ова парче да биде впечатливо на неа, па го комбинирала со помалку наметливи парчиња.
Таа носеше и минималистички сандали со ременчиња, а во раката имаше мала кожна чанта, во бојата што е најпопуларна оваа сезона.
Со овој беспрекорен моден избор, Џенифер Анистон покажа дека сè уште знае како да го освежи својот препознатлив долгогодишен стил и да си игра со модни парчиња што позитивно изненадуваат.
фото: принтскрин