Познат готвач имал рецепт за банкарски грабеж – во еден ден ограбил 3 банки, но го фатиле

Полицијата во Сан Франциско го уапси 62-годишниот готвач Валентино Лучин, осомничен дека истиот ден ограбил три банки во централниот дел на градот. Според извештаите, тој на банкарите им давал ливче со закана да му дадат пари и секојпат успевал да избега со готовина.

Лучин е идентификуван со помош на дојави и приведен без инциденти. Неговата кауција е одредена на 200.000 долари.

Ова не е првпат тој да се соочи со вакви обвиненија – во 2018 година признал грабеж на банка во Калифорнија кога украл над 15.000 долари.

Лучин бил ценет готвач, познат по италијанската кујна и менаџирање ресторани.

Scroll to Top